Еден од противниците на Македонија на престојното ракометно Европско првенство во Германија, селекцијата на Швајцарија, вечерва имаше супер-успешен тест против Босна и Херцеговина во очи на континенталниот собир. Швајцарците славеа со убедливи 39:21 и покажаа дека нема да бидат нималку наивен ривал во нашата група, каде за противници веќе ги имаме и супер-фаворитите Франција и Германија.
Самуел Зендер со 7 гола беше најефикасен кај Швајцарците, каде одлично издание имаа и искусниот Енди Шмит со 5 гола, колку што постигнаа и Лени Рубин и Мануел Зендер.
Вчера Швајцарците славеа и против Романија со 37:31.