Јетон Беќири: Ќе гледате напаѓачка Шкендија, верувам дека можеме на крајот да бидеме први на табелата!

281

Како што веќе информиравме, од денеска Шкендија има нов тренер, а тоа Јетон Беќири. Еден од нашите најтрофејни клубови, но и најбогат клуб, сега се одлучи за проверена варијанта, а таа е клупата да му ја довери на амбициозниот и квалитетен стратег.

Предмалку на клупскиот сајт на Шкендија, излезе интервју со новиот стратег на тетовци. Најинтересно е тоа како Шкендија ќе игра, со каква тактика, но и какви се шансите тетовци по пауза од две сезони да ја вратат титулата под Шара:

Како прво не е време за ветување. Треба прво добро да се одработат подготовките. Секако дека Шкендија како голем клуб и личи да игра само напаѓачки, значи ќе гледате напаѓачка Шкендија. Во секој случај нема да се заборави ни сопствениот гол. Во однос на битката за титулата да кажам дека напролет три екипи ќе бијат битка. Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија. Верувам дека може на крајот да бидеме први, одиме по титула, а дали ќе биде така ќе видиме на крајот од сезоната. Да кажам со односот на играчите на теренот треба да ја заслужиме поддршката на нашите фанови, посебно на `Балистите`. Тие секогаш биле со тимот, со клубот, и кога било најтешко“ рече покрај другото новиот стратег на Шкендија.

ПретходноМТКФ ги прогласи најдобрите за 2023 година!
СледноРики Рубио раскина со Кливленд и се враќа во Европа