Лидерот во ХНЛ, тимот на Александар Трајковски, сплитски Хајдук, ги започна зимските подготовки. Првиот човек на „билите“ Лукша Јакобушиќ им држеше говор на Алекс, Ливаја, Калиниќ и другите играчи, во позадина можеше да се види еден вид на „тркало на среќата“ во кое беа напишани казните за играчите во случај некој од нив да ја наруши клупската дисциплина.
А казните се необични. Па така има дружење со фановите еден час во фан шопот, три дена да се чистат копачките, да се исперат три автомобили на ден, да се испеат три песни, тренирање во розова опрема, да се расчистат масите по ручекот, да се одведе целиот тим во кино и да се платат билетите…
Интересно е и ова. Капитенот Марко Ливаја во договорот што го има со клубот, има анекс во кој се вели дека ако го бара претседателот на клубот на телефон, а Ливаја не му возврати на повикот, тогаш ќе плати казна од 1.000 евра.