На Барселона и требаше гол, а Чави го извади Левандовски: Кај мене нема недопирливи!

279

Барселона со пресврт победи со 2:1 на гостувањето кај Лас Палмас во 19. коло од Ла Лига. Домашните имаа предност на полувремето, но гостите во вториот дел успеаја да го свртат натпреварот во своја полза.

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез донесе интересна одлука на 20 минути пред крајот на натпреварот. При резултат 1:1 го извади од игра Роберт Левандовски.

„Го заменив Левандовски затоа што ни требаа напаѓачи кои можат да напаѓаат зад одбраната, како Витор Роке и Феран Торес. Тоа беше игра за играчи како Жоао Феликс, Рафиња и Ламине Јамал, помалку за Роберто затоа што не напаѓа простор зад одбраната“, изјави Чави.

Новинарот го праша тренерот на Барселона дали замената на Левандовски е знак дека веќе никој во тимот не е недопирлив.

“Зошто изненадување? Така е од првиот ден кога дојдов овде. Ништо не се смени. Кај мене нема недопирливи”, одговори Чави, кому победата му ја донесе Илкај Гундоган со гол од пенал во судиското надополнување. .

35-годишниот Полјак Левандовски е во Барселона од 2022 година. Оваа сезона постигна девет гола со пет асистенции.

ПретходноСветски првак ќе игра тест со Македонија во Анталија!?
СледноКадетите против Словачка ја почнуваат битката за ЕХФ ЕП 2024