Поро со фантастичен гол го однесе Тотенхем во 4. коло на ФА Купот (ВИДЕО)

320

Тотенхем се пласираше во 1/16-финалето од ФА Купот по минималната победа над Барнли од 1:0.

Одлуката падна во 79. минута кога Педро Поро постигна фантастичен гол од работ на шеснаесетникот за водство и на крајот, победа за својот тим.

Тотенхем можеше да постигне уште еден гол во 86. Минута, кога Сесењон шутираше, но голманот на гостите спречи нов погодок.

Фудбалерите на Фулам исто така се пласираа во четвртото коло од англискиот ФА Куп откако со 1:0 го елиминираа тимот на Ротерам. Членот на Чемпионшип му пружи солиден отпор на лондонскиот клуб кој почна со многу играчи со помала минутажа, но еден детаљ реши на „Крејвен Котиџ“.

Благодарение на голот на Де Кордова-Рида во 24. минута Фулам обезбеди минимална победа.

Брентфорд ремизираше 1:1 на домашен терен со Вулверхемптон во третото коло од ФА Купот. Тоа значи дека овде ќе има уште еден возвратен меч за пласман во следната рунда.

„Волците“ останаа со играч помалку веќе во деветтата минута по исклучувањето на Гомеш , што домашните го искористија до крајот на полувремето и поведоа во 41. минута со голот на Нило Маупау. Реми за гостите донесе Томас Дојл во 64. минута од натпреварот.

ПретходноФенербахче понуди 8 милиони евра за Марсијал
СледноИзборот на Елмас: Пандев, Роналдињо, Меси… (ВИДЕО)