Рекордна парична награда за победникот на Африканскиот Куп

135

Победникот на Африканскиот куп на нации во 2024 година ќе добие рекордна парична награда од седум милиони долари, соопшти Африканската фудбалска конфедерација (CAF).

Ова е повеќе од 40 проценти повеќе отколку што доби Сенегал кога го освои шампионатот во 2022 година во Камерун.

Второпласираната селекција ќе добие четири милиони долари, додека третата и четвртата на турнирот ќе заработат по 2,5 милиони долари.

На Африканскиот куп на нации ќе учествуваат 24 земји, меѓу кои домаќинот и Египет.

Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.

ПретходноУште едно големо признание за Миовски, овој пат од шкотската легенда
СледноТринкиери: Ако се плашите да шутнете, играјте шах!