Бразил го отпушти Диниз, на негово место седнува тренерот на Сао Пауло

168

 

Бразил повторно ќе бара селектор. Фернандо Диниз добил отказ од селекторската позиција на Бразил, а одлуката за негово отпуштање ја донел првиот човек на Фудбалскиот сојуз Едналдо Родригез.

Од ФС сакаат перманентно решение, а Диниз паралелно работеше и со Флуминенсе. Диниз не сакал да го напушти клубот со кој го освои Копа Либертадорес, па одлуката е да се побара нов селектор. Медиумите во Бразил пишуваат дека ФС не бил импресиониран од работата на Диниз, кој имаше едногодишен договор со Бразил, но ја предводеше репрезентацијата на шест меча во квалификациите за СП 2026 со три порази, едно реми и две победи.

Од ФС го сакаат тренерот на Сао Пауло, Доривал Јуниор. Тој беше тренер на бројни бразилски клубови меѓу кои Фламенго, Васко да Гама, Палмеирас, Сантос, Атлетико Параненсе, Крузеиро, Атлетико Минеиро, Интернационал…

ФС на Бразил преговараше и со Карло Анчелоти за да ја преземе функцијата после Диниз меѓутоа не дојде до договор, а Италијанецот го продолжи договорот со Реал.

ПретходноЊукасл по осум години го совлада Сандерленд
СледноКадетите минимално поразени од Швајцарија