Младите тенисери сакаат да го симнат Ѓоковиќ од тронот

2098

Новак Ѓоковиќ со 37 години е неприкосновен број еден во светскиот тенис. Србинот игра навистина прекрасно, последната година ја одбележа со три освоени Грен слем и со бројни соборени рекорди во светот на тенисот.

Има многу такви кои сакаат да го видат падот на српскиот тенисер во 2024 година. Младите надежи на тенискиот свет сакаат да го симнат од тронот, а Данецот Холгер Руне јавно му објави војна.

Актуелниот број четири од АТП листата смета дека во борбата со Ѓоковиќ треба да излезат останатите играчи, особено младите.

„Мораме да го направиме тоа, не само еднаш, туку редовно да го победуваме. Јас го победив во 2023 година, Јаник Синер го направи истото, а тој на крајот освои три од четирите Грен слемови. За малку ќе го освеше и Вимблдон“, вели Руне. 

Младиот Данец знае дека Новак е секогаш најдобар на Грен слем турнирите. Таму изгледа непобедливо.

„Ништо не е невозможно, но дефинитивно е потешко да се игра со него на Грен слем. Таму е на домашен терен, игра пет сета и има големо искуство. Знае дека може да се врати и кога заостанува со два сетови. Малку се оние кои можат да се носат со него на три освоени сета“, изјави Руне.

ПретходноСе сомневаше ли некој: Германците за кратко време направија чудо во Дизелдорф
СледноШоу во НБА: Тренерот влезе на теренот и спречи контра на Лејкерси