Спектакл во Абу Даби пред ОИ во Париз: Србија на мегдан со дрим-тимот на САД!

383

На повидок е спектакл и тоа во Абу Даби, и тоа меѓу репрезентацијата на Србија, можеби со Јокиќ и САД, веројатно со Леброн и останатите мега – ѕвезди во НБА. Сето ова како подготовка за ОИ во Париз и кошаркарскиот турнир во кој и двете селекции, а посебно дрим – тимот на САД ќе бидат кандидати за медалите.

Оваа вест ја потврди селекторот на Србија Светислав Пешиќ, кој истакна дека е планирано на 15,16 и 17 јули ќе се престојува во ОАЕ каде ќе се одиграат две пријателски, и тоа со Австралија и САД.

Претходно“Македонецот“ Кулушевски повторно е избран за фудбалер на годината во Шведска! (ФОТО)
СледноМакедонија во очите на ЕХФ: Земјата во која ракометот е спорт број еден и има стравствени навивачи