Цедевита Олимпија ја победи Црвена Звезда со 96:86, беше јасно дека српскиот тим ќе мора некаде да „падне“, особено поради многу згуснатиот распоред, како во АБА лигата, така и во Евролигата.
Олимпија максимално го искористи тоа и ги израдува своите навивачи, а меѓу најзаслужните на теренот беше искусниот Зоран Драгиќ.
Драгиќ постигна 19 поени, а се врати само по повреда и направи шоу. Тој сите четири слободни фрлања ги изведе на интересен начин. Тој шутираше во таблата, оставајќи ги без зборови фановите.
Видеото стана хит.
Zoran Dragić went to the bank tonight! 🏦
In his first game of the season, Zoran Dragić shot 4/4 from the free-throw line, banking all 4 shots off the glass 😎#ABALiga @KKCedOL pic.twitter.com/P6jGaJlJGa
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) January 6, 2024