Ал Ахли за Фирмино: Може да го позајмиме, но нека му ја плаќаат цела плата!

638

Роберто Фирмино би можел да ја напушти Саудиска Арабија шест месеци по неговиот трансфер од Ливерпул. Претходно се дозна дека поранешниот напаѓач на „црвените“ сака да го напушти  Ал Ахли, а од таму велат дека тоаа е изводлива опција.

Новинарот на „Ивнинг Стандард“, Низаар Кинсела известува дека Ал Ахли е подготвен да го позајми Фирмино во јануари, но сака новиот клуб на напаѓачот да го преземе поголемиот дел од неговата неделна плата од 326.000 фунти.

Потенцијалните додворувачи на Фирмино од Англија и Турција, тешко дека би се нафатиле на таков чекор. Ал Ахли се уште нема добиено понуди за Боби, но можно имало неформални контакти преку посредници.

ПретходноПо епскиот меч во Евролигата: „Кошарката е најубавиот спорт!“
СледноКадетите денеска на мегдан со Швајцарија