Дојде пред четири месеци, ја освои титулата и си замина

1211

Хуан Мата не е повеќе играч на јапонскиот Висел Кобе. Шпанскиот ветеран му се приклучи на Висел во септември и неговата авантура во Јапонија траеше четири месеци. Толку беше неговиот договор, а клубот одлучи да не го продолжи за сезоната 2024.

Во краткиот период Мата ја освои титулата во Јапонија. Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но можно е и да ги закачи копачките на клинец со оглед на тоа дека во април ќе наполни 36 години.

Пред Јапонија, Мата играше за Галатасарај, Манчестер Јунајтед, Челзи, Валенсија и Реал Мадрид.

ПретходноМонца имаше сигурни 0:3 па за малку ќе останеше без победата
СледноОва е главниот скаут на Реал Мадрид без кого не може да се направи ниту еден трансфер!