Кадетите денеска на мегдан со Швајцарија

244

Македонската кадетска репрезентација денеска го игра вториот квалификациски меч за пласман на ЕХФ ЕП 2024 година. По триумфот над Словачка на стартот, нашите ракометари се најдоа на чекор до заверка на билетот за Црна Гора.

Швајцарија е новиот противник на „црвено-жолтите“. Задачата нема да биде лесна бидејќи станува збор за репрезентација која е прв фаворит во нашата група. Но, нашите момци покажаа дека имаат победнички карактер и квалитет.

Мечот се игра во салата „Автокоманда“ со почеток во 15 часот, а влезот е слободен. Поддршката од трибините на оваа средба ќе биде од големо значење за кадетите во нивната битка за пласман на ЕХФ Еуро-шампионатот.

ПретходноАл Ахли за Фирмино: Може да го позајмиме, но нека му ја плаќаат цела плата!
СледноЧави веќе нема трпение: Рафиња може да си оди, Њукасл на готовс!