И дефинитивно Никола Јокиќ не може се сам во тимот на Денвер. Србинот иако одигра одлично, имаше 29 поени, 8 асистенции и 4 скока, сепак во луда завршница и тој и неговиот тим од Колорадо беа поразени од Орландо со 122:120. Интересно, последниот напад го имаа домаќините, и место Јокиќ да решава тоа го направи Мареј кој промаши и со тоа неговиот тим загуби. Последниот напад може да се погледне на видеото. Сите се прашуваа зошто топката во последниот напад не му беше дадена на Јокиќ.
Tough loss. pic.twitter.com/1TDZcQntFc
— Harrison Wind (@HarrisonWind) January 6, 2024
Индијана – Атланта заврши со неверојатен резултат, и тоа 150:116. Ретко кога се случува една екипа, без продолженија да постигне толку поени и тоа по четвртини 38, 40, 39 и 33. Неверојатно.
На останатите мечеви во НБА кои се играа утринава постигнати се следните резултати:
Бостон – Јута 126:97, Бруклин – Оклахома 124:115, Кливленд – Вашингтон 114:90, Филаделфија – Њујорк 92:128, Чикаго – Шарлот 104:91, Хјустон – Минесота 95:122, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95:111, Далас – Портланд 139:103, Феникс – Мајами 113:97, Голден Стејт – Детроит 113:109, ЛА Лејкерс – Мемфис 113:127, Сакраменто – Торонто 135:130.