Македонија во очите на ЕХФ: Земјата во која ракометот е спорт број еден и има стравствени навивачи

1920

Еуфоријата за Европското првенство ги обзема и земјите учеснички и навивачите. Останаа уште четири дена за подготовка пред почетокот на континенталното натпреварување кое ќе се одржи во Германија од 10. до 28. јануари.

Македонија ќе биде дел од европскиот крем ама во буквална смисла на зборот, бидејќи ќе игра против две селекции кои се кандидати за медал, Франција и Германија, а во нашата група се наоѓа и Швајцарија која изгради силен тим, ја сочинуваат ракометари кои играат во Бундес-лигата.

ЕХФ веќе ги објави сите детали кои се поврзани со сите еврошампионати кои се зад нас, но и ги најави репрезентациите.

Од Европската куќа на „ракометот“ имаат интересен текст за Македонија. Ви пренесуваме дел од него.

„Кирил Лазаров и неговите избраници имаат тешка група, треба да се соочат со актуелниот олимписки првак, Франција, домаќинот Германија и амбициозниот состав на Швајцарија.

Составот на оваа репрезентација драстично се промени, ги нема Столе Стоилов и Филип Миркуловски, кариерата ја заврши  Гоце Георгиевски. Лазаров мораше да го спорведе неизбежното – промена на генерација со многу млади и талентирани играчи.

Од искусните тука е Никола Митревски, кој заедно со Жарко Пешевски, Филип Талески и Филип Кузмановски треба да го повлечат тимот.

Во земјата каде ракометот е спорт број еден, очекувањата секоја се големи кога станува збор за националниот тим, сите се надеваат дека Лазаров со неговите момци ќе успеат да дојдат до подобар резултат од ЕП 2022 и СП 2023, две натпреварувања под водство на најдобриот македонски ракометар. Дека Македонија има стабилност и континуитет говори фактот дека ова ќе биде 13-то големо првенство во низа.

Страствените навивачи ќе бидат на трибините на отварањето во Дизелдорф, како и во Берлин“, се вели во дел од текстот на ЕХФ.

ПретходноСпектакл во Абу Даби пред ОИ во Париз: Србија на мегдан со дрим-тимот на САД!
СледноТимо Вернер се враќа во Премиерлигата!