Монца имаше сигурни 0:3 па за малку ќе останеше без победата

121

Мечот од 19.коло меѓу Фросионе и Монца донесе пет гола од кои три за гостите и победа. Монца поведе со головите на Дани Мота во 18 и на Валентин Карбони во 45 минута. Во 55 минута веќе водеше со 3:0 благодарение на автоголот на Суле.

Но потоа домашните притиснаа и малку фалеше да извлечат бод. Во 56 минута Харуи погоди, а во 75 минута Суле од пенал намали на 2:3. Домаќините имаа уште 15+6 минути да изедначат но не успеаја.

Карбони е еден од четворицата фудбалери од Топ 5 лигите родени после 2005 година кои постигнале два гола и имале две асистенции сезонава.

За Фросиноне ова е четврти пораз по ред, а севкупно десетти сезонава. Монца има шест победи и е на десеттото место по некомплетно 19.коло со 25 бода.

 

 

ПретходноВалтер Зенга потпиша за 21. клуб во својата тренерска кариера
СледноДојде пред четири месеци, ја освои титулата и си замина