Синоќа на мечот во ФА купот меѓу Брентфорд и Вулверхемптон, уште во 9.минута судијата Тони Харингтон, на гостинскиот играч Жоао Гомеш му покажа црвен картон поради остар старт. Необично беше тоа што тој картон беше кружен. И сите беа во чудо, посебно фановите и ТВ гледачите. Подоцна стигна објаснување и образложение дека ова не е првпат.
Имено на почетокот на 21 век и во Премиерлигата беа покажувани вакви кружни црвени картони. Тоа е поради оние фанови кои не ги разликуваат боите, па на овој начин да знаат дека станува збор за исклучувачки картон. Ова е и за судиите, да им се помогне кога картоните уште им се во џеб, да знаат, кога ќе ги допрат, кој е жолт а кој црвен.
Англичани….