Остапенко викаше по судијата поради меч од пред три години: Не те сакам на моите натпревари…

286

Летонската тенисерка Јелена Остапенко приреди шоу на турнирот во Бризбејн за време на мечот со Викторија Азаренка. Незадоволна од судењето, затоа што сметаше дека во деветтиот гем од третиот сет топчето два пати паднало во полето на Белорусинката, сепак, судијата тоа не го досудила, па Азаренка освоила поен.
„Ти си слепа… Правиш толку многу грешки… Не сакам никогаш да те видам на моите натпревари. Финалето во Линц никогаш нема да го заборавам. Никогаш“, викаше Остапенко.
Тој турнир во Линц се одржа во 2019 година. Тогаш Остапенко во финалето беше поразена од Коко Гоф која стигна до првата титула со само 15 години. А Остапенко не се ракуваше со судијата Џули Кјендли туку само со американската тенисерка.

 

ПретходноТимо Вернер се враќа во Премиерлигата!
СледноПроблеми во Голден Стејт: Крис Пол со скршеница на дланката, мора на операција! (ВИДЕО)