Потврдено: С. Арабија ќе биде домаќин на уште еден боксерски мега – спектакл!

319

Нема веќе дилеми. С. Арабија во март ќе биде домаќин на уште еден боксерски мега – спектакл, и тоа меѓу Ентони Џошуа и Франсис Нгану.

Има договор, дуелот меѓу Џошуа против Нгану е завршена работа. Тоа ќе биде меч од 10 рунди, точниот датум ќе биде прецизиран на прес – конференција во Лондон овој месец“ изјави шеикот Турки Алалшик.

Секако дека според сите прогнози Џошуа е голем фаворит, но кој може така лесно да го отпише Нгану, кој се покажа во одлично издание во светот на боксот, како на дуелот со Тајсон Фјури. Во секој случај оваа борба се очекува со големо внимание.

ПретходноРакометарите го одбележаа Бадник, паричката се падна кај Koстески (видео)
СледноХет-трик на Одермат во Аделбоден, триумф на Грение во Крањска Гора