Синоќа во Евролигата во Мадрид се одигра епски меч меѓу Реал Мадрид и Ефес, во кој по цели 60 минути “кралевите“ славеа со 130:26. Интересно, се одиграа дури четири продолженија, а двајцата Балканци, Муса и Хезоња беа фантастични во редовите на Реал со постигнати 40 и 31 поени.
По мечот Марио Хезоња имаше што да каже по овој епски меч, прв во историјата на Евролигата со четири продолженија:
“По малку ми е срам што шутирав 17 пати за тројка. Лудо и убаво е кога си дел од ваков историски меч. Секако дека кошарката е најубавиот спорт“ истакна Хезоња.