Реал Мадрид не дозволи сензација против четворолигашот, деби настап на Ѓулер!

563

Арандина – Реал Мадрид 1:3 е епилогот од вечерашниот меч во рамките на 1/16 финалето во Купот на Кралот. Домашниот тим, кој воедно е четворолигаш, во првото полувреме пружи силен отпор против речиси резервниот состав на Карло Анчелоти, па така на одмор се замина со тие сензационални 0:0.Image

И тогаш за само една минута, во 54. И 55.минута, “кралевите“ со головите на Хоселу од пенал и Диаз успеа да го скрши отпорот на Арандина и со тоа да дојде до следната осминафинална фаза во ова натпреварување. Родриго во 90.минута зголеми на 0:3, но тука не беше крајот, Кабрал во 90+3.минута стрелаше за конечни 1:3 на радост на домашните фанови.  Треба да се каже дека, како што и се најавуваше, свое деби во дресот на “кралевите“ имаше младата турска ѕвезда Арда Ѓулер, кој беше стартер и играше се до 59.минута.

ПретходноЦ. Звезда падна во Љубљана, Драгиќ направи шоу (ВИДЕО)
СледноПолноќна промоција: Некогашен тренер на Бохум е новиот стратег на Гостивар! (ВИДЕО)