Како што вечерва пренесуваат медиумите во Романија, ФЦСБ или поранешна Стеауа, гигантот во тамошниот фудбал и екс европски првак бил силно заинтересиран за Стефан Ристовски пред две години.
Македонецот сега има договор со Динамо Загреб, во тој клуб тој е еден од лидерите на тимот како што се наведува.
А еве што изјавува Михаи Стоика, генералниот менаџер на ФЦСБ:
“Го следевме Стефан Ристовски. Тој може да игра и во таа тројка од стопери, добро се снаоѓа на таа позициа. Бевме заинтересирани за него после ЕП во 2021, но ете не успеавме да го ангажираме“ посочи Стоика во дискусијата околу актуелниот трансфер на Дарко Велковски во Динамо Букурешт.