Фудбалскиот свет во тага: Почина Марио Загало!

1111

Тажна вест од Бразил. На 92 години почина Марио Лобо Загало, гигантот на светскиот фудбал. Еден од тројцата, заедно со Франц Бекенбауер и Дидие Дешамп кои биле светски прваци и како фудбалери и како селектори.

Загало беше дел од “Селекао“ од најславните денови, заедно со Пеле, Гаринча, Вава, Диди и останатите мега – ѕвезди на репрезентацијата на Бразил со која ги освои СП во 1958 и 1962 година, а во 1970 го предводеше Бразил, со веројатно најсилниот тим во историјата, како селектор до нов триумф на Мундијалите. Беше дел и од стручниот штаб на Бразил во 1994 година на СП во САД кога оваа селекција повторно беше светски првак.Image

Во својата фудбалска кариера играше само за Фламенго и Ботафого, а како тренер на неколку гиганти од Бразил, а работеше и во ОАЕ, Кувајт, С. Арабија.

ПретходноНеобично: Во ФА купот беше покажан кружен црвен картон! (ФОТО)
СледноЧетири дена до стартот на ЕП 2024: Погледнете што се случува на стадионот во Дизелдорф (ФОТО)