Четири дена до стартот на ЕП 2024: Погледнете што се случува на стадионот во Дизелдорф (ФОТО)

6036

До стартот на Европското првенство кое од 10. до 28. јануари ќе се одржи во Германија остануваат уште четири дена. Првото коло од нашата група А ќе се игра во Дизелдорф на стадионот „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи.

Домаќинот на овој шампионат одлучи да урне рекордот по гледаност на еден ракометен меч. Картите за Дизелдорф се распродадени, а истото се однесува и за Берлин. Германците ќе имаат максимална поддршка од трибините.

Во „Меркур Шпил Арената“ се работи на големо, таа за неколку дена ќе биде целосно приспособена за одигрување на ракометен натпревар. Македонија и Франција први ќе истрчаат на теренот, по нив силите ќе ги одмерат Германија и Швајцарија.

Не се сомневаме дека Германците ќе приредат вистински спектакл.

ФОТО: Скриншот DHB

ПретходноФудбалскиот свет во тага: Почина Марио Загало!
СледноПо епскиот меч во Евролигата: „Кошарката е најубавиот спорт!“