Шокантно: Реал на Мбапе му нудеше 150 милиони евра за потпис, сега му нуди “само“ 50 милиони!

6215

И дефинитивно продолжува сагата околу Килијан Мбапе и неговиот можен трансфер во Реал Мадрид. Позициите се познати, “кралевите“ му дадоа ултиматум да одлучи до 15 јануари што сака да прави во јуни, дали ќе доаѓа на “Сантијаго Бернабеу“ или не. Од друга страна напаѓачот на ПСЖ истакнува дека сеуште нема одлука.

Инаку денеска медиумите во Шпанија известуваат дека Реал Мадрид му гу нуди истите лични услови на Мбапе како што тоа беше пред 1,5 година кога речиси се да беше готово, но тој трансфер не се реализира. И со тие услови Мбапе нема да биде најплатен играч на Реал. Инаку се појавија информации дека ако Реал во летото 2022 година му нудеше 150 милиони евра само за потпис, тоа е посебен бонус, тогаш сега му нуди само 50 милиони. Значи 100 милиони евра помалку. Можеби тие 100 милиони ќе бидат решавачки и сега Мбапе да го “откачи“ Дон Флорентино Перез.

ПретходноЧави веќе нема трпение: Рафиња може да си оди, Њукасл на готовс!
Следно“Македонецот“ Кулушевски повторно е избран за фудбалер на годината во Шведска! (ФОТО)