Њукасл по осум години го совлада Сандерленд

105

Екипата на Њукасл, конечно, по осум години го совлада локалниот ривал Сандерленд и се пласира во следната фаза на ФА купот. „Страчките“ славеа со 3:0 на ова гостување, а првиот гол беше автогол на Баљард во првото полувреме. Во второто Александер Исак постигна два гола и го реши победникот.

Инаку Њукасл во оваа серија која трае од август 2011 година има три ремија и шест порази од Сандерленд. Конечно истата е прекината.

Во наредната фаза во ФА Купот патуваат уште Ковентри, Маидстон, Лестер и Ипсвич.

 

ПретходноХет-трик на Одермат во Аделбоден, триумф на Грение во Крањска Гора
СледноБразил го отпушти Диниз, на негово место седнува тренерот на Сао Пауло