Валтер Зенга потпиша за 21. клуб во својата тренерска кариера

262

Италијанскиот тренер Валтер Зенга стана тренер на Емирејтс клуб од Обединетите Арапски Емирати. Тоа е 21. Различен клуб во неговата тренерска кариера која ја почна во 1998 година, а шести на Блискиот Исток.

Последно работеше како технички директор на Персита Тангеранг од Индонезија кој го напушти пред неколку денови. Зенга потпиша едногодишен договор со Емирејтс.

Зенга претходно работеше во Њу Ингланд Револушн, Брера Милано, Национал Букурешт, ФЦСБ, Црвена Звезда, Газијантеп, Динамо Букурешт, Ал Аин, Катанија, Палермо, Ал Наср од С.Арабија, Ал Наср од Дубаи, Ал Џазира, Ал Шабаб, Сампдорија, Вулверхемптон, Кротоне, Венеција, Каљари и Персита од Индонезија.

 

ПретходноКадетите минимално поразени од Швајцарија
СледноМонца имаше сигурни 0:3 па за малку ќе останеше без победата