Седумкратниот француски шампион Лион ги засили своите редови со бразилски интернационалци. Тие доаѓаа од редовите на Ботафого, едниот е голман, а другиот е централен бек.
Голманот Лукас Пери е платен 3,25 милиони евра, тој е дете на Сао Пауло, а освен во овој клуб бил на шестмесечна позајмица во Кристал Палас но не можел да одигра ниту еден меч, поради што се вратил во Сао Пауло од каде што во 2022 година преминал во Ботафого.
Тој е бразилски репрезентативец но нема ниту еден настап.
Другиот е Адриелсон кој е платен 3 милиони евра. Тој е дете на Спорт Ресифе, а во 2022 година преминал во Ботафого. Играл како позајмен во Ал Васл од ОАЕ.