Интер среќно ја почна оваа 2024 година. Најголемиот фаворит за титулата во Серија А, во меч од 19.коло дома ја победи Верона со 2:1, но со победнички гол постигнат во 90+3.минута и тоа со голот на Фратези. Сепак треба да се каже дека во 90+10.минута Верона промаши пенал, имено Анри ја погоди стативата по ударот од белата точка.
Лаутаро Мартинез донесе водство за Интер во 13.минута, тогаш се чинеше дека Верона ќе доживее пораз и тоа каков, но гостите преку Анри израмнија на 1:1 во 74.минута.
Во самиот финиш Интер имаше неколку шанси, зицери, ја погоди и пречката, но голот дојде дури во третата минута од судиското продолжение. А потоа гостите добија пенал, но сепак не успеаја да дојдат до реми, на крајот беше 2:1 за Интер.
Сега лидерот има 48 бодови и без разлика што ќе направи Јуве утре кај Салернитана, Интер ќе остане на тоа прво место со најмалку два бода предност.
Thomas Henry couldn't take advantage of his penalty kick in the last moments!pic.twitter.com/kv6flEudwq
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 6, 2024