Утринава објавивме фотографии од стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф. Домаќинот Германија започна со работните активности кои се потребни за да стадионот биде функционален за одигрување на ракометни натпревари.
Ова беше фотографијата која ја објавивме денеска.
На социјалните мрежи од ЕХФ објавија нова слика од стадионот. Германците за кратко време направија чудо, нешто што и се очекуваше.
На 10. јануари на ова место, Македонија ќе ги одмери силите со Франција, додека пак домаќинот Германија ќе игра против Швајцарија. Ова се единствените мечеви кои ќе се играат на овој датум, организаторот сакаше да го урне рекордот по посетеност на еден ракометен натпревар, па токму затоа се игра на стадионот „Меркур Шпил Арена“.