Германскиот репрезентативец се враќа во Премиерлигата, но сега не во Челзи туку во Тотенхем. Како што известуваат медиумите во Германија и Англија, прегпгворите меѓу Лајпциг и Тотенхем се во завршна фаза, речиси да е се готово и Вернер до јуни ќе игра за тимот од Лондон во пролетниот дел и тоа како позајмен играч.
Да потсетиме дека Вернер како член на Челзи не се прослави којзнае колку, следува нов пад во формата во дресот на “биковите“ и во есенскиот дел почесто беше на клупата отколку на теренот.