Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник во велеслаломот во Аделбоден што е негова трета победа по ред во истата дисциплина во овој скијачки центар. Втор заврши Александер Амод Килде од Норвешка, а трет Филип Зубчиќ од Хрватска.
Инаку ова е петта победа на Одермат сезонава во Светскиот куп, а четврта во велеслалом.
Утре во Аделбоден во машка конкуренција е слаломската трка.
Во генералниот пласман Одермат е прв со 736 бодови, пред Марко Шварц со 464 и Амод Килде со 320.
Во женска конкуренција триумф на Канаѓанката Валери Грениер во велеслаломот во Крањска Гора што е нејзина втора победа по ред во словенечкиот ски центар. Исто така ова е втора победа за неа во Светскиот куп.
Таа беше подобра од фаворитките Лара Гут-Бехрами од Швајцарија и Федерика Брињоне од Италија кои ги освоија второто односно третото место. Утре во Крањска Гора се вози слаломската трка.
Во генералниот пласман води Микаела Шифрин со 929 бодови, пред Брињоне со 697 бодови и Влхова со 622.
CETTE AMBIANCE POUR LA VICTOIRE D’ODERMATT : 𝐌𝐄𝐑𝐂𝐈 𝐀𝐃𝐄𝐋𝐁𝐎𝐃𝐄𝐍 😍 #ChaletClub pic.twitter.com/2NIgwSFARt
— Eurosport France (@Eurosport_FR) January 6, 2024
Valerie Grenier claims ANOTHER World Cup win 🏆🏆 pic.twitter.com/RGTBgfAUkh
— Eurosport (@eurosport) January 6, 2024