Ракометната селекција на Хрватска се соочува со проблеми пред стартот на ЕП 2024 во Германија. Поради повреди оваа селекција на претстојното ЕП нема да може да смета на левото крило Давид Мандиќ и левиот бек Јосип Шарац, како што пишуваат тамшните медиуми.
Токму затоа селекторот Горан Перковац повика нови ракометари Марко Мамиќ и Ловро Михиќ.
Инаку Хрватска на ЕП е во група со селекциите на Шпанија, Романија и Австрија.
ФОТО: Jozo Cabraja/Kolektiff