Ѕвездата на Барселона, Бразилецот Рафиња по се изгледа ќе мора да си оди уште во овој зимски преоден рок. Како што пишуваат медиумите во Шпанија, тренерот Чави Ернандез вече го загубил трпението кога станува збор за бразилскиот напаѓач и побарал од раководството на каталонскиот гигант како знае и умее да се ослободи од него.
Да потсетиме дека Рафиња на “Камп Ноу“ дојде во 2022 година за 58 милиони евра и тоа од Лидс Јунајтед, и во овој период одигра 68 меча за Барса, постигна само 13 голови.
Како што се шпекулира, Њукасл е силно заинтересиран да го врати на Островот.