Швајцарија и одржа лекција на Аргентина без најдобриот ракометар

755
Фото: www.handball.ch/

Репрезентацијата на Швајцарија, еден од противниците на македонската ракометна репрезентација, ја запиша третата победа во подготовките за ЕП 2024. По Романија и БиХ, швајцарските ракометари ја совладаа и Аргентина, славеа со убедливи 35-27 и го освоија „Yellow Cup.“

Во составот го немаше најдобриот ракометар, Енди Шмид, кој доби одмор пред стартот на ЕП 2024. Прв стрелец во редовите на Швајцарија беше Мануел Зендер кој постигна 14 гола.

Аргентина во периодот од 37. до 52. минута дошла на еден гол негатива, но Швајцарија со добра одбрана успеала да го сопре налетот на противникот и на крајот да слави убедливи.

Македонија и Швајцарија на ЕП 2024 ќе се сретнат во последното коло кое закажано за 16. јануари.

ПретходноРоманскиот гигант го посакувал Стефан Ристовски!
СледноСе сомневаше ли некој: Германците за кратко време направија чудо во Дизелдорф