Бундеслигашот Ајнтрахт од Франкфурт се пофали со третиот нов играч за пролетниот дел од сезоната. Се работи за напаѓачот Саша Калајџиќ кој доаѓа од редовите на Вулверхемптон.
Калајџиќ ќе игра во Франкфурт со шестмесечна позајмица со тоа што клубот ќе може да го откупи за сума меѓу 10-15 милиони евра.
Калајџиќ е роден во Виена, а има српски корени. Кариерата ја почнал во Фирст Виена, продолжил во Адмира Вакер од каде што во 2017 година направил трансфер во Штутгарт. По две одлични сезони во редовите на „швабите“ во 2022 година направи трансфер во Вулверхемптон.
Во првата сезона одигра само еден меч, а оваа сезона 11 во Премиер лигата со ефект од два гола. „Волците“ се ослободија од него со тоа што го позајмија во германскиот тим. Калајџиќ има и 19 настапи за Австрија и четири гола.
Тој е третото ново име во Ајнтрахт. Претходно дојдоа Дони ван де Бек како позајмен и левиот бек Натаниел Браун од Нирнберг за 3 милиони евра.