Екс-фудбалер на Ливерпул и ПСЖ ќе игра во бразилски второлигаш

330

Поранешниот централен бек на Ливерпул и на Пари Сен Жермен, Мамаду Сако има нов клуб. Според бразилските медиуми, поранешниот француски репрезентативец ќе игра во Бразил поточно во второлигашот Амазонас од градот Манаус.
Тој оди таму како слободен фудбалер, а во наредните денови ќе биде реализиран трансферот.
Последен клуб на Сако беше Монпеље со кого го раскина договорот минатиот ноември.

ПретходноКадетите со убедлива партија против Косово го заверија пласманот на ЕП!
СледноНаполи „тоне ли тоне“, првакот е на 20 бодови зад Интер