Кадетите со убедлива партија против Косово го заверија пласманот на ЕП!

403

Македонската кадетска репрезентација го завери пласманот на ЕХФ ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Црна Гора. „Црвено-жолтите“ беа најдобри кога беше најпотребно, на последниот квалификациски меч го совладаа Косово со убедливи 24-33.

Пецаноски со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Трајковски со шест гола.

Противникот беше минимално подобар на почетокот, поведе со 4-2, 5-3 и 6-4. Во 13 минута, Македонија со головите на Петрески и Митев поведе со 6-7 на средината на првото полувреме. Нова серија од три гола донесе предност од 7-10. Најголемото водство нашите момци го имаа пред одморот, 10-15. Косово успеа да намали на 11-15 по првото полувреме.

Пецаноски го отвори вториот дел за 11-16. Од овој момент започна доминацијата на кадетите, на дело покажаа зошто се фаворит на оваа средба и зошто местото им е на еврошампионатот. На средината на второто полувреме водеа со двоцифрени 16-26 и до крајот рутински го приведоа дуелот во своја корист.

ПретходноФранција со дрим-тим на мегдан со Македонија
СледноЕкс-фудбалер на Ливерпул и ПСЖ ќе игра во бразилски второлигаш