Џордан Хендерсон, некогашниот капитен на Ливерпул, актуелен репрезентативец на Англија е несреќен во С. Арабија. Едноставно не може да се адаптира не само во неговиот тим Ал Етифак, туку и на животот во таа земја. Иако е платен 700.000 фунти неделно, има супер договор, тој има намера да си бега од С. Арабија. Ако го направи тоа тогаш ќе треба да и плати на државата С. Арабија дури 7 милиони евра, и тој на тоа е спремен.
Нешто слично како и Роберто Фирмино, некогашниот негов соиграч од Ливерпул. Ова не се ретки примери, како и Карим Бензема. Но има и такви, како Роналдо на пример, кои велат дека им е одлично во таа земја и дека се презадоволни.
Што се однесува до Хендерсон, тој не би имал ништо против да се врати на “Енфилд“ па макар и за далеку помала сума од тие 700.000 фунти неделно што ги зема во С. Арабија.