Првата фаза Вардар ќе ја мине во Гевгелија!

2739

Горазд Михаилов во среда треба да ги почне подготовките со Вардар за вториот дел од сезоната во која „црвено-црните“ ги очекува тешка битка за опстанок во елитата.

Новиот шеф на струката кој го замени Александар Васоски, го склопува тимот и заедно со лицата од клубот се во потрага по квалитетни странски засилувања затоа што барем засега само Лемос е потврден дека ќе остане во клубот до крајот на сезоната.

Она што се знае е тоа дека првата фаза од подготовките екипата ќе ги мине во Гевгелија и таму ќе се работи на физичката подготвеност на екипата.

Се планира главната фаза да се одработи во Анталија и таму да се одиграат пријателските средби преку кои треба да се набилда формата. Со стартот на подготовките се очекуваат и промоциите на новите играчи во Вардар. Се бараат алтернатии за сите позиции.

ПретходноЅверска партија на Адетокумбо од 48 поени и 17 скока, но пораз за Милвоки
СледноСонувам да играм за Македонија со мојот идол Елиф Елмас!