Килијан Мбапе е разочаран од ултиматумот кој му го постави Реал (М) за потпис на договор за следното лето. Како што објави шпанскиот тим, до 15 јануари Мбапе мора да одличи дали ја прифаќа нивната понуда, затоа што по овој датум Реал повеќе нема да преговара со него.
Според угледниот „Тајмс“, напаѓачот не бил „импресиониран“ од „уцената“ на Реал Мадрид да му наметне рок за да одлучи за својата иднина. Мбапе им кажал на пријателите дека нема да дозволи Реал Мадрид да одлучува за неговата иднина. Пред натпреварот од Суперкупот на Франција против Тулуз, фудбалерот разговарал за ситуацијата со Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и го уверил дека засега нема договор со ниту еден клуб.
Напаѓачот рекол дека сака да ги истражи сите опции, вклучително и преселба во Премиер лигата. Забележано е дека му се допаѓа стилот на игра на Ливерпул под водство на Јирген Клоп.