Ѕверска партија на Адетокумбо од 48 поени и 17 скока, но пораз за Милвоки

84

Јанис Адетокумбо одигра уште еден неверојатен натпревар во НБА-лигата. Но, за жал грчкиот ѕвер не беше доволен за победа на Милвоки, кој беше поразен од Хјустон со 112-108. Јанис запиша дабл-дабл од 48 поени и 17 скока.

Рокетс во еден момент од крајот на првиот дел имаа предност од 21 поен. Дури во финишот дојдоа во ситуација да го воведат натпреварот во драма, но Мидлтон и Лилард беа непрецизни за целосен пресврт.

Лилард беше стрелец на 17 поени кај гостите, во редовите на Рокетс, Шенгун постигна 21 поен.

Резултати: Вашингтон – Њујорк Никс 105:121, Индијана – Бостон 101:118, Филаделфија – Јута Џез 109:120, Хјустон – Милвоки 112:108. 

ПретходноГерманија во проблеми: За искусната ѕвезда ЕП заврши пред да почне!
СледноПрвата фаза Вардар ќе ја мине во Гевгелија!