Фудбалерите на Рома и Аталанта ремизираа 1:1 во натпреварот од 19. коло во италијанската Серија А.
Двата гола дојдоа во првото полувреме, додека во вториот дел мечот го загуби ритамот, а немаше ниту добри шанси. Аталанта поведе уште во осмата минута кога Алексеј Миранчук одлично нафрли од десната страна, а Копмајнерс извонредно скокна и со глава ја затресе мрежата на домаќините.
Во продолжението од првото полувреме Рома беше подобриот тим, а тоа им се исплатеше на избраниците на Жозе Мурињо. Карсдроп беше фаулиран во шеснаесетникот на Аталанта, а судијата досуди пенал за Рома кој Пауло Дибала го ретвори во израмнувачки гол.
Крајот на мечот повторно го зачини тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо кој доби црвен картон во судиското надополнување поради протести.