Израелскиот тренер Барак Бахар доби отказ од Црвена Звезда и на негово место дојде Владан Милојевиќ. Генералниот директор на белградскиот клуб, Звездан Терзиќ истакна дека се разделиле со Бахар на убав начин.
„Барак беше коректен, не сакаше тоа што не го заработил. Договорот е да му се исплати оваа полусезона до крај и да му се дава плата додека не најде нова работа. Тој е вреден човек и сака да работи и веројатно бргу ќе најде клуб“, изјавил тогаш Терзиќ.
Меѓутоа како што пренесува израелски „Спорт 5“, Бахар и неговите помошници ангажирале адвокат и испратиле писмо до УЕФА каде што навеле дека се отпуштени на незаконски начин, а како што стојат работите ќе покренат и тужба до српскиот шампион. Тие истакнале дека не постигнале никаков договор за исплата на заостанатите плати и дека „црвено-белите“ им должат пари.