Екипата на Барселона успеа да извојува победа против екипата на Барбастро со 2:3 во рамките на шпанскиот куп и да се пласира во осминафиналето на Купот на Кралот.
Четвртолигашот влезе во овој дуел како апсолутен аутсајдер, но сепак, успеја да пружи добар отпор на “блауграна”, па дури да постигнат и два гола. Резултатот го отвори Фермин Лопез со гол во 18-тата минута за водство на Барса, а тоа водство го зголеми Рафиња во 51-та минута.
Гаридо де Меса во 60-тата минута постигна погодок кој причини огромна радост кај домашните навивачи. Роберт Левандовски со гол во 88-та минута од пенал се чини го потврди триумфот на Каталонците, кој на крајот сепак, дозволија да примат и втор гол. Домашните од белата точка со голот на Прат во 93-тата минута намалија и ги поставија конечните 2:3.
Иако екипата на Чави се пласираше во осминафиналето, сепак, играта не ги исполни очекувањата на навивачите.