Бејтулаи си замина од Гњилане!

2173

Репрезентативниот стопер Егзон Бејтулаи (30) не е повеќе член на Гњилане, тим од Косово. Него му истече договорот со овој клуб и сега е слободен и може да си бара нова клупска средина. Едноставно нема никакви обврски кон Гњилане. Да потсетиме дека Бејтулаи во составот на косовскиот клуб беше во последните пет месеци.

Како што дознаваме за некогашниот капитен на Шкендија, со која освојуваше титули во првенството и Купот, има неколку понуди од клубови од Македонија, Албанија и Косово, исто така опции за преселба се и клубови од Грција и Романија.

Инаку покрај Шкендија и Гњилане, Егзон Бејтулаи во својата богата кариера играше и за Тетекс и Хелсинборг (Шведска).

Интересно, денеска Егзон Бејтулаи полни 30 години.

ПретходноВо Новата 2024 година МОК ќе има нов претседател!
СледноФранција со дрим-тим на мегдан со Македонија