По поразот од Торино во 19. коло од Серија А со 3:0, навивачите на Наполи гневот го насочија кон играчите додека се приближуваа до трибините за да „побараат прошка“ за нивната лоша игра.
Денеска „наполитанците“ доживеаја нов кикс, што предизвика лавина незадоволство кај фановите. По мечот, откако играчите тргнаа кон навивачите, гневните ултраси ги навредуваа, па дури и фрлаа пиротехнички средства кон нив.
Само шест месеци откако тимот предводен од Лучијано Спалети доминантно го освои Скудетото, по неговото заминување Руди Гарсија и Валтер Мацари никако не успеваат да го стабилизираат тимот.