Голем проблем за ПАО: Се повредија и Лесор и Вилдоза

138

Грчки Панатинаикос славеше против Перистери во натпревар од 13. коло од грчката лига, но го плати данокот на повредите. По овој натпревар ПАО остана без две свои ѕвезди, кои летото пристигнаа во Атина.

Станува збор за Матиас Лесор и Лука Вилдоза, кои претходната сезона настапуваа за Партизан и Црвена Звезда, по што пристигнаа во Панатинаикос. Лука Вилдоза беше стартер, но на теренот мина само четири минути, по што мораше да ја напушти играта поради болка во коленото и до карајот не се врати на теренот.

Матијас Лесор играше 22 минути, но во еден момент го напушти теренот и тој не се врати. Останува да се види за какви повреди станува збор и колкава пауза ги чека ѕвездите на „зелените“.

ПретходноБарса обезбеди осминафинале во Купот, но прими и два гола од четвртолигаш (ВИДЕО)
СледноРакометарите ги спакуваа куферите, следната станица – Германија