Главниот дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк денеска воопшто не беше во ростерот на Јирген Клоп за гостувањето кај Арсенал во ФА Купот. Иако изминативе денови тренираше нормално, Ван Дајк воопшто не отпатува за Лондон.
Во текот на натпреварот стана јасно дека централниот дефанзивец има настинка, што го спречи да биде во тимот. Според различни извори, Ван Дајк не е повреден и се очекува многу брзо да се врати на терените.