Искусниот 35-годишен дефанзивен играч за врска, Драган Стојков си замина од екипата на Македонија ЃП. Како што денеска потврдија од составот на „лавовите“, Стојков го заврши својот престој во Ѓорче Петров.
Стојков ја засили Македонија ЃП минатата зима кога дојде од екипата на Тиквеш. По една година тој заминува од редовите на ѓорчепетровци и ќе мора да побара нова средина.
Во 17 настапи во Првата лига во дресот на Македонија ЃП, Стојов постигна и еден гол.